донесе (гл.) - закон (имн.)

Градот влезе во лоша позиција се донесе законот за прохибиција алкохол тешко се наоѓаше на црно но ганџа пушеа и децата во прво
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Таму, о Битоља, ми кажваа колку се штетни за шумите и затоа донесоа закон да се уништат и ги испозаклаа... - Козите ли? - Аха... Козите...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ете, на пример, како народната власт направи народни непријатели. Донела закон да ги снема козите...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со закон се забрани пушењето по кафани, но никако не се донесе закон за пушење по штабови и канцеларии. Таму се пушеше увелико и без преседан. А богами и колена се разрануваа.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Се донесе закон за забрана на печење ракија и вино, праење ајвар, пружање алишта по тераси, а ќебапите во весниците беа сатанизирани и претставени како главна причина за тумор.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Мора да донесеме закон за посвојување деца кај ауспусите - рече Шајче. - Донесете.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Кај нас, во 2008-та, по речиси едногодишно протестирање на дел од овие луѓе кои беа вистински „жртви на транзицијата“, беше донесен Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, а популарно наречен „Закон за стечајците“ (Сл. весник на РМ, 87/08).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Платите и надоместоците се намируваат како обврски на стечајната маса (чл. 166, ЗС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во март 1946 година е донесен Законот за промена на името од ДФМ во Народна Република Македонија, а во јули е донесен законот за задругите.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во септември се одржаа изборите за народни пратеници за Уставотворното собрание на НРМ.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Проблемот е во тоа што властите донесуваат закони со кои на целата таа област од човечкото однесување го даваат статусот на криминал, и поради тоа самите власти ја губат можноста за васпитно влијание и можноста таа област да биде регулирана”.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Она што ја прави значајна е тоа што претставува необично откривателен пример за една многу поопшта склоност – склоност на многумина геј-луѓе денес да настојуваат дека се не само „речиси нормални“, како што тврдеше Ендру Саливан туку и крајно банални.459 Ефектот на оваа настојчивост е бришењето на особеноста и посебноста на настраниот живот, со што се одрекува способноста да се придонесе со нешто вредно во светот во кој живееме. ‌Кога на 24 јуни, 2011 г., државата Њујорк донесе закон со кој им се овозможи на луѓе од ист пол да се венчаваат, Асошиејтед прес побара реакција за тој историски настан од отворено геј-претседателката на њујоршкото Градско собрание Кристин Квин, која ја соопшти веста за напнатото конечно гласање во државниот законодавен дом на конференцијата за печат на њујоршкиот градоначалник Мајкл Блумберг.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сосема е разбирлива неговата претерано надоместувачка реторика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Често занемувам пред неговата недонурлива и доследно длабока љубов кон син ни. (46) Тргај се, Џон Апдајк! ‌Патрик Калифија-Рајс имал добри причини да ја брани обичноста, основната човечност на своето постоење, онака опколен од непријатели – геј, стрејт и транс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Промените што ги наброја немаа врска со зголемените материјални придобивки, со еднаквоста пред законот, со унапредувањето на човековите права, со придобивките од правичната распределба, со поразот на хомофобијата, со растурањето на хетеросексуалниот монопол над сопружништвото и над личниот живот и со отстранувањето на правните пречки за основањето и одржувањето интимни врски.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Особено Мет е споменик на трпението.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од почетокот на транзицијата, до денес, донесени се вкупно три закони за работни односи: малку пред распадот на СФРЈ беше донесен Законот за работните односи на СРМ (1990), 1 којшто важеше паралелно со тогаш постоечкиот сојузен Закон за основните права од работниот однос (1989). 
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
1. Промени во законската регулатива настанати со донесувањето на ЗВРС во 2007 година Со носењето на ЗВРС во 2007 година за првпат во РМ се донесе закон, кој после стекнувањето на независноста ја регулира оваа материја.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
170 ЗАКОН ЗА МАТЕРИЈАЛНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНИТЕ ЛИЦА ПОРАДИ ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА СО ДОМИНАНТНА СОПСТВЕНОСТ НА ДРЖАВАТА ВО ПЕРИОДОТ ОД 2000 ДО 2004 ГОДИНА Овој мошне краток и ad hoc донесен закон, чие целосно име е невообичаено долго и гласи: Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, а популарно наречен „Закон за стечајците“ (2008), 1 беше наменски донесен, по речиси едногодишно протестирање на дел од овие луѓе кои, всушност, беа и вистинските жртви на неуспешната транзиција.  2 Се работи за посебен закон (lex specialis) со којшто се доградува регулативата од општиот закон за оваа материја – а тоа е Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (1997). 
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
22.  До денес (март 2010) не е донесен закон кој ја регулира материјата за т.н. „најниска плата“, а оваа материја не е регулирана ниту со Општиот колективен договор за 32 која гарантираше исплата на плати и тогаш кога средствата за лични доходи и заедничка потрошувачка на организацијата и средствата од резервите не се доволни за целосно измирување на загарантираниот личен доход – и тоа преку користење на позајмица од фондот за заеднички резерви на општината, Републичкиот фонд за заеднички резерви, општинскиот и републичкиот буџет (чл. 35, ЗРО/90) – при што исплатата, по барање на работодавецот, ја вршеше тогашната Служба за општествено- книговодствени работи, денес позната како Управа за јавни приходи; б) во 1995 беше укината одредбата дека платите се исплаќаат најдоцна до 15-ти следниот месец (чл. 1, ЗИДЗРО/95).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Најпосле, по брза постапка, беше донесен Законот за забрана на чување на козите, но сѐ уште не беше објавен во Службениот весник на државата за да почне неговото спроведување.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ќе изумев да ви речам дека доколку се покаже прескапа работата врз изградбата на паралелните патеки за јагулите, Партијата ќе ја обврзе државата да се донесе закон Дирекцијата да најде средства за обезбедување на подмладокот со дотур на јагулчиња од водите на братските социјалистички земји.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)