Еден чауш ја донесе главата од Толета и ја фрли пред нозете на бимбашијата, а чарбаџи Стеван од Крушевица, кого Толе пред десетина петнаесет години го уцени со сто лири пари што и беше престрамил на Ката, а кој цело лето оди со потерите да им помогне да го фатат Толета, восхитено се провикна пред бимбашијата: — Еве а, ефенди, главата од вој арамиа!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А жената не може да трае, прати своего љубовника скоро да му донесе главата.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Да се однесе главата кај трупот! — намуртено нареди бимбашијата и се распраша колку души паднаа; има ли паднато некој од аскерите, куртули ли некој од комитите...
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Било попусто, секогаш се спуштале од планините посрамени и со крвави стапалки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Султанот најпрвин ги прекорувал и им ги зел имотите, шадрваните, коњите и жените, потоа објавил, доколку не му ја донесат главата на ајдутот, ќе ги испообеси на железни куки или ќе ги испофрла во јами со исправени дренови колови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)