донесе (гл.) - вест (имн.)

„Кога ќе се сетам само на оној глас што ни ја донесе веста за смртта на брат ми!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Татко ми ја донесе веста од директорот, што значи и нему не му било угодно што бев неколку години поназад од врсниците.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А татко ти тврди, и тоа кога сè излезе на виделина, дека сакал да останам скраја од тој злостор.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Зар не му спомнав на татко ти оти Ролан Јаковлевич и премногу го сакаше животот за да може да стори нешто за да си го прекине.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Зар не се посомневав јас, уште кога ја донесоа веста за самоубиството, дека тука работите не се чисти!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
X Тоа утро, кога Татко ја донесе веста за именувањето за судија, што значеше останување, Мајка појде во градината.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Последните гласови од она што некогаш беше нивна татковина допреа само да ја донесат веста за пропаста на Големото царство, уништено без милост, со истите оган и бес со кои и самото сотираше.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)