Му ја донесе борината на првиот свој муштерија и им ја однесе маста и сирењето на другите дома со една пламена желба: да помине крај конакот на кадијата, белким ќе ја наѕирне од некаде неговата Анѓа која таму робува.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Дури дедот Петко се прибра до огништето, снаата донесе борина; домаќинот фрли еден два страка во оганот и куќата светна.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Крај огништето седнал Карабуклијата со некој комшија, го спотиња оганот и вика по снаа му да донесе борина да види кој дојде по мракот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Трајко си ги зеде парите и му вети на агата и допазар да му донесе борина.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)