А дека сум донел таква одлука потврдуваа искинатите ливчиња покрај мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Судијката (Х. Мешкова) го прифати предлогот и на истото рочиште донесе таква пресуда со којашто, нормално, го усвои тужбеното барање на Љ.Н. и го задолжи тужениот работодавач – во рок од осум дена од приемот на пресудата – да му ја исплати вкупната сума за осумте заостаната плати во висина од 46.327 МКД (750 ЕУР), зголемена за законската казнена камата која течеше до денот на исплатата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Поради тоа што, во меѓувреме, придонесите кон ФПИОМ беа исплатени, адвокатот го повлече овој дел од тужбеното барање – по што полномошникот на „Охис“, кој не го оспори побарувањето ниту по основ, ниту по висина, а заради економичноста и целисходноста на постапката, предложи да се донесе пресуда врз основа на признание.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
МАРА: (итро). Ако не да му ги сокриеме и да речеме ти не си донесол таква работа — пари во куќава.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Да беше чиста и неизвалкана како до пред ораницата таа не ќе можеше да донесе таква одлука, ќе мораше да ја јави вистината, ама сега е поинаку со неа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Всушност беше повеќе од јасно дека секое ливче претставува еден изминат ден.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ако Комисијата ги имала во предвид документите на италијанскиот предлог за трасата на јужната албанска граница од 19 март 1913 година; италијанско-австрискиот компромис за истата траса од 22 април 1913 година; записникот и одлуката од Лондонската конференција на амбасадорите од 8 и 11 август 1913 година; трасата на јужната граница со Албанија во редакција од 22 април што е повлечена на картата на австро-унгарскиот генералштаб во размер 1:200.000; упатството на австро-унгарската влада на својот делегат во Меѓународната комисија за одредување на југоисточната граница со Албанија од 5 септември 1913 година, и извештајот на делегатот на Кралството СХС за границата на Корчанската каза од 28 октомври 1922 година - Комисијата немала да донесе такво решение.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Не смеете да донесете таква пресуда...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)