Белким ова старо познанство и пријателство ќе донесе некоја корист во селото" — А бре Калешко, Шише, Главче, Мисирли, Лесна, коџобаши, абре, не дошол јас овде да печалам пари како Масарбег, Вртановци, Крепчевци, бре!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Море ми, да ве пушчиме, токо којзнае дали сте за вера; да не ни донесете некоа беља, оти едвај истераме едни силници, сакаа да не изгазат преѓеска.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Невестата Митра веднаш го пречека: — Mope, лели си имаш млада невеста не ти требе јадење, токо донеси некое дрво, оти огнот загаснал.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Но сетувајќи дека постарата сестра ја стрелнува само со крајче од окото, придава: - Си можела сепак, Мими, да му донесеш некоја играчка, барем од две илјади динари.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Ване, стани сине, донеси некое дрвце однадвор! - пак се слуша гласот на мајка му.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Наскоро потоа се донесоа некои нови предмети од Вера и постепено во куќата сѐ стануваше наредено по нејзин вкус.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Па, кога ќе мериш за да го одбереш помалото од поголемото помеѓу пушач и пијач, на кантарот помалку тежи зависникот од никотин, а од понудените курвар и коцкар, подобар избор е љубовникот, кој сетики по некој пат ќе донесе некоја нова, научена умешност од понадвор дома, па ќе имаш и ти некој ќар, а не може до крајот на животот да биде тоа, за разлика од другиот, кој ќе испушта душа врз масата за рулет и на сто години или, во подобар случај, ти ќе му ги пополнуваш ливчињата за „спортска“ до крајот... дека помлада.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ибн Бајко, небаре таен конец го влече, куц-куц, стрча да види што е таа работа со жената: не скокнала таа, белки, векови за да не донесе некој абер.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
АНА: Их, бре вујче, како не донесе некое кило...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Таа наеднаш ќе најдеше за потребно да ми дообјасни: "Она што се случува во нас, а пред се во нашите размисли, не бара секогаш брзи одговори.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
" Во секој случај не ме оставаше долго збунет во колку не бев доволно умешен да донесам некое решение.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Иако чорбата што поминала покрај некој, па и црвен, петел се покажа како танка подлога за да се премине од ракија на вино, бокалот се испразни пред да се донесе некое друго јадење, а за жалење и чудење од самите Живко и Кикерко.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Се случуваше и други вечери Татко да донесе некоја од своите книги како убав повод да го продолжи разговорот со Мајка на чардакот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
- Ова не ќе излезе на добро, му велам јас на Јона, ова мора да донесе некоја болест, му велам, или некоја чума или краста, му велам, сушна година или вошливо време, му велам, или пак некоја долга војна.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)