долетува (гл.) - до (предл.)

Кога Татко ги спомна сиџилите, тие за Камилски го означија времето на почетокот на нивното пријателство во Државниот архив.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога крилјата се подготвени за летање бргу се долетува до гнездото на сопствената болка од сопствената шака си ја лижеш изгубената радост и ја ишкаш смртта од струните на виолината ноќни сенки излетуваат од акордите на вердиевиот реквием и им ги бришат челата на публиката лачени ноти скокаат низ историјата и се потат во чевлите на диригентот звуците на животот како лилјаци се удираат од ѕидовите на вечноста од суво усте лушпе ореово се разлева кон реката вердиевата чаша вино отаде реката последна причесна и школки на суво - на клапнатите музичари им намигнуваат.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Тогаш ранобудните петлиња долетуваа до врвовите на минарињата и оттаму пееја ли, пееја во дуети со оџите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Мислата на едниот во тие моменти како да добиваше крилја и брзо долетуваше до умот на другиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)