дозволува (гл.) - слобода (имн.)

Сонот си дозволува слобода било кој елемент да го прикажува преку неговата спротивност во полето на желбата (Wunschgegensatz), така што, на прв поглед не се знае дали некој елемент е спротивнотворен, позитивно или негативно содржан во мислите на сонот.“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Акакиј Акакиевич навреме ја беше почувствувал задолжителната бојазливост, малку се збуни и, како што можеше, колку што му дозволуваше слободата на јазикот, разјасни, со уште почесто додавање на зборчето „онака“ отколку другипати, дека шинелот бил сосема нов, и дека сега е ограбен на најнечовечен начин, и дека му се обраќа нему, за да се заложи на некој начин онака, да му напише на господинот полициски врховен началник или на некој друг и да го пронајде шинелот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
За ова би требало прво да поднесете молба во канцеларијата; таа би стигнала до шефот на одделението, до началникот на одделението, потоа би била предадена на секретарот, а секретарот веќе би ми ја доставил мене...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)