доживее (гл.) - желен (прид.)

Тие го определуваат општествениот и симболичкиот контекст во кој се обликува субјективитетот и затоа се темелници на општественото обликување на обродените и на сексуалните идентитети. ‌Во хетеронормативни услови, природно е машки субјект да си го доживува желниот однос кон мажите, мошне необмислено, како женствен, па врз таа основа да се идентификува со некоја женствена улога.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Попрво, семиотските кодови ги сметам за конститутивни за значењата од кои се раѓа поединечниот субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ова не е некаков логичен, обмислен, свесен процес – небаре на некој првобитно мажествен маж одеднаш ќе му дотече наплив од проникливост, па ќе си рече: „Леле, навистина ми се допаѓаат момци, па тоа мора да значи дека сум како жена – чекај, изгледа треба да почнам да се идентификувам со девојкине“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И не се обидувам да нудам генетички приказ на сексуалноста, ниту да ги објаснувам што ги тера поединците да бидат геј или стрејт – ниту сексуално ниту културно; попрво, ги испитувам потеклата на културните практики усвоени од тие што, од која било причина, излегуваат геј или стрејт во една или во друга смисла. ‌Згора на тоа, општествените кодови не ги сфаќам како идеи, до кои поединците можат или не можат да се издигнат; не ги доживувам како размисли за полот и за родот кои одделни луѓе можат слободно да ги прифаќаат или да ги отфрлаат – иако, како и многу чувства, тие навистина содржат одредена пропозициска содржина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)