доживее (гл.) - друг (прид.)

Тие мислат дека луѓето со кои се разминуваат, луѓето со кои се среќаваат, луѓето со кои живеат, се дел од некаков сон, од нечија имагинација, дека едноставно не постојат – нивната опипливост не е потврда дека се вистински.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се помоли да доживее други времиња и се помоли да поминат овие чудни денови што сега ги живее, за во тие што доаѓаат да почне да го живее секој ден како што доаѓа, а оние денови што минале да ги доживее уште еднаш пишувајќи за нив.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Има луѓе кои ги доживуваат другите како нестварни.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)