доживее (гл.) - голем (прид.)

Во 1802 година доживеал голем пожар кој ги уништил манастирските конаци, манастирската библиотека со драгоцени книги, просториите за препишувачка и печатарска дејност.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Покрај губењето на популарноста, Брена во овој период доживеа голема лична траума - киднапирање на нејзиното синче.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
На зборот мало ангелче, срцето на Рада доживеа голема траума, час беснееше, час престануваше да чука.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сиот мир и сето спокојство му се разнебитуваше; продолжуваше да игра без концентрација, во грч; ја жулкаше кралицата како да жулка мртво тело на кралица; го грчеше лицето како да доживеал голема погибија.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)