доживее (гл.) - во (предл.)

Сликата на Пармиџанино секогаш одново го покажува точниот маниристички фенотип, иако поради својата „загадочност“ можела да дојде и од работилницата на Леонардо, тоа сепак е слика во која еден разблажен светоглед, доживеан во пренежната младост, се покажува во сета резигнација.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Двегодишно дете веќе се однесува, зборува и доживува во согласност со моралот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Меѓутоа, треба да се нагласи дека сетилните искуства предизвикани со дрога многу често се доживуваат изолирано, поради оштетување на синтетичките функции на мозокот и дека неопходниот гешталт во текот на делувањето на дрогата тешко непосредно се доживува во својата неопходна неделивост на финалното доживување на формата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа што таа мина низ измачување и длабока болка се исплатуваше само за ова што го доживеа во овој момент на надоместок.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
-Тоа се наталожените наслојки на незадоволства, уцени, чуството на нерасположеност, отфрленост, инфериорност или, пак, искористеност, доживеани во раното детство, младост или подоцна, коишто оставиле силни траги врз нас – одговори старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Тоа се наталожените наслојки на незадоволства, уцени, чувството на нерасположеност, отфрленост, инфериорност или, пак, искористеност, доживеани во раното детство, младост или подоцна, коишто оставиле силни траги врз нас – одговори старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И сега, во одминати години, честопати се потсетувам на тоа што го доживеав во Прењес.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Театарот, во такви услови, дефинитивно ќе се ослободи од оние што го спречуваат, како што вели еден театролог, да ја најде енергијата што ќе го одлепи од досадното и ефтиното, од времето во кое ласкавото и празното собираат толпа од луѓе кои се убедени дека тоа е она што треба да го доживеат во театарот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Овде завршувам со младиот режисер и неговото интервју оти она што го доживеав во истата таа сабота, токму напладне во 12 часот, кога присуствував на промоцијата на еден познат полиграф од Хрватска, е исто така, за објавување.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сакал да застане, да го пречека оној што му бил придружник а што можел да му биде син (зошто да не го посвои ако останат живи?), да му каже што доживеал во онаа ноќ, за да знае дали тој криел досега нешто и што сторил девојката да го напушти татковскиот покрив за да појде преку трња и оган на маки во неизвесност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- На народецов му се нужни пушконосци и локачи на крвописка крв, не маченици и не знам какви ветроепци, рекол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секој тоа го доживеал во оваа паланка со згаснати светла, и секој тоа му го прави на другиот, затоа што главната девиза е: пцуење во мрак.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Она што го доживеав во еден таинствен крај на светот, во Европа или на некој друг континент, не му се случило ни на Марко Поло ни на Колумбо.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тогаш Балканот ги доживува во повеќе наврати злокобните историски бифуркации.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Ќе го паметам цел живот по она што го доживеав во него... - рече Илко.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Гледајќи се себеси како анонимен „син на векот” и немајќи проект за иднината или визија за минатото, тој себеси се доживува во сегашната, потресна и разбранувана, луда стварност.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И знаеш, дедо Пандо, кога, така потпрен на автоматот во влажната земјанка, одново го гледав сето она што го видов и го доживеав во Оровник, сфатив дека сум сирак.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Денес ние водиме крвава борба, - почна мирно и се така околу борбата го возеше зборот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Колку години имаш?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Потоа ни рекоа да одиме на другата страна на шумата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мислам дека е тоа најпозитивното изненадување што го доживеав во Скопје.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
На индивидуална акција? - го прекинува Џим, меѓу два залаци од новата четвртинка бурек, овој пат со печурки.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Такво разбирање за моето пишување никогаш не бев доживеал во моите земји на Балканот, Албанија и Македонија, ниту од најблиските.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се разбира, околината на Арл е дел од земјата на Козата на господинот Сеген и тагата што се доживува во детството од читањето на овој расказ никогаш целосно не се брише во вас.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Овој роман, кој ја опишува петдневната рашомонијада на авторот во родната земја во пролетта на 1979 (кога овде се слави стогодишнината од раѓањето на Сталин), доживеа во Франција значајно толкување на своите внатрешни слоеви и пошироки значења од бележити француски писатели и книжевни критичари.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
3. Ги доживеав во многу интензивирана форма боите и текстурите со посредство на интеракцијата на различните сетила.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)