доживее (гл.) - разубедување (имн.)

Имаше голема многуобразност на светогледи и начини на живеење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А така процесот на аутирање го усогласуваше со постепеното раскрстување со традиционалните хетеросексуални, конзервативни, главнотековни претстави за правилниот начин на живеење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа им додаваше тежина и авторитет на поеволуираните, на поискусните и на порадикалните припадници на локалната заедница.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако дечките што изгледаа како обични дечки, на кои се гледаше старомодна, стандардна мажественост, честопати беа еротски објекти на цена, многумина од новајлиите во геј-гетата постепено доживеаја разубедување од своите старомодни, рустични, паланечки, непросветлени гледишта – од своите „емоционални јанѕи“ и од „неослободените“ ставови – вклучително и од придржувањето кон крутите родови стилови, кон несоодветните романтични мечти, кон рестриктивната сексуална моралност, кон политичката конзервативност, кон божемната чедност и кон други малограѓански вредности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Старите ставови можеа да им се расколебаат. ‌Самата смеша од луѓе во новите геј-друштвени светови беше благотворна за радикализација на машкиот геј-живот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)