доживее (гл.) - постоење (имн.)

Има луѓе кои мирно и тивко го доживуваат постоењето како трагично.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Трагичното се состои во самото доживување на животот како бесмислен, а не во начинот на кој се искажува тоа доживување.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Да се доживее постоењето како трагично, значи да се постави прашањето за смислата на своето постоење, и на постоењето воопшто.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Барањето на смислата на постоењето е потрага отаде видливото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)