Меѓутоа, тој ќе го доживее периодот на 20. години од XX век кога таткото на нова Турција Мустафа Кемал ќе пристапи кон фундаменталните реформи на османскотурскиот јазик, барајќи пред с да се отстранат персиските и арапските зборови и да се прифати латиницата за азбука.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во тврдината почиваше меморијата на сите времиња: уште од праисторијата, некаде на преминот меѓу IV и III милениум, потоа скопското Кале, ќе го доживее периодот на етнолитската цивилизација, на околу 3000 години пред новата ера, потоа прастарите цивилизации од некои мистериозни причини го одбегнуваат ова место, за да го населат повторно некаде помеѓу VII и VI век пред новата ера, од IV до V век овде животот континуирано се одвивал, кога населбата на Калето била напуштена, потоа остануваат неколку векови без обележја на историска меморија, постои само еден нем сведок за присуството на големиот император на Источното Римско Царство Јустинијан Прима, тврдината Кале и античкиот град Скупи биле погодени од катастрофалниот земјотрес во 518 година.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)