додаде (гл.) - друг (прид.)

Ниту Татко, – додаде другиот брат. – За ова што ќе ви раскажам, ни Татко ви не знае.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Каде де! додава другата и протрчуваат крај Чана.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Од збор до збор, од препирка до препирка, се слушна и оној предлог што изгледа сите нестрпливо го очекуваа: "Кај комесарот, жени, кај комесарот дома.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Во старо време, имало денови, кога луѓето се хранеле со корени“ додаде друга.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Ќе си ги измиеме главите“, додаде друга.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)