Кај саатот веќе ја чекаше Петар, кој по некоја случајност, како да се беше договарал со неа, беше исто така во бело облечен, со бежов мантил и шапка на главата.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Му реков: Јас се договарав со него, велам, и штом се заврши уредувањето на гробот, ќе треба да се спремам и еден ден да заминам.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Влакна од нејзината коса го скокоткаат и му го бара погледот во ретровизорот преку којшто разговараат и се договараат со очи.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Забележа тој дека Тодора си ги сака иконите, си пали редовно кандило, си оди в црква како да е самата дома топол леб, не жива сода, за секој адет се договара со попот и ревносно ги потсетува домашните и комшиите на празниците што идат, па реши да удри на тој тапан, белки и господ ќе му помогне.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)