доврши (гл.) - свој (прид.)

Веруваше дека библиотеката на Климент Камилски ќе можеше да му помогне, сепак, да го доврши својот проект.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Без Бургиба Картагина умираше повторно пред рамнодушната на нејзините жители.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Некакви си дребнави дуќанчиња, тие постојани клубови за прислужниците и секаква челад, беа отворени, други пак што беа затворени, сепак пропуштаа долга шурка светлина долж целиот процеп на вратата, што значеше дека ни тие сѐ уште не се без друштво и веројатно, прислужничките и слугите сѐ уште си ги довршуваат своите расправи и разговори, доведувајќи ги своите господари во тотална недоумица околу тоа каде се наоѓаат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таткото на нацијата долго време живееше во својата палата во лажен сојуз со вечноста, меѓу животот кој беше подреден на неговото продолжување во смртта, далеку од верноста кон некаква трансцендентна илузија, туку повеќе свртена кон последните трошки од животот, како да ја доврши својата фараонска пирамида, искачен на нејзиниот врв.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потребно е да поработиме малку повеќе на себе, на нашето сопствено запознавање, но во склоп на природата каде што припаѓаме – ја доврши својата мисла старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)