Да не беа козите... – Разбирам, разбирам... – го прекина со смирен тон градоначалникот. – Вие никогаш не ќе разберете што претставуваа козите за нас... ќе ги видите нивните добрини и во градов! – ја доврши мислата Чанга.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Љубопитно ја изгледа, не ја доврши мислата што се роди во него за цената што ја платила за крзното, ја прегрна.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Се сеќавам, многу добро се сеќавам - изусти тихо Филип без да ми дозволи да ја довршам мислата.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Длабоко вдишува и вели: - Отпарај, мајче, отпарај конец од веленцето... за да го обележиме... - не доврши мисла.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Томо не ја доврши мислата. Показалецот на Рада, ставен на неговите усни, значеше молк. Немаше потреба од зборови.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Да не си случајно... - уште не ја ни доврши мислата, Томо сосема јасно ја разбра алузијата на Славица.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)