Постојано веруваше во некаква буна на самата судбина која ќе ги доведе работите на праведното место!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- Каква врска има ова со нас, со нашиот Атеистички музеј – рече А.А. нервозно – и оставете ја настрана руската традиција на декадентниот предреволуционерен руски социјализам, само великиот Сталин беше и остана траен учител на комунизмот, само тој можеше да ги доведе работите на вистинско место.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Се разбира ќе успее да ги доведе работите во ред, но нема сигурно да посегне по позитивното политичко наследство на Бургиба, во тоа сум апсолутно сигурен - ги коментирав неговите зборови.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но никогаш не го напушташе вечниот жртвен оптимизам кога конечно се врати во Рамалах со утехата дека пророкот Мојсие не се вратил во Ветената земја!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)