Да знаеше кутриот Х.Х. какви мисли ми се вртеа во мојата глава, како реакција на неговите искажувања, сигурно ќе добиеше непобитни аргументи за моето тотално застранување од трајните вредности на мојата родна земја, а ако успееше да извлече од мене барем минимални докази, бездруго ќе добиеше и сигурни поени за неговото унапредување во кариерата доближувајќи се што повеќе до митски далечната Централа.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
- Што правиш чичко Станојко? - праша Бојан. - Не доближувајте се! - рече човекот. - Мавам змии!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се заниша доближувајќи се полека со чело кон плочникот. Падна исправен со несвиткана кичма.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И не доближувај се премногу до прозорецот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)