Се чудеше - со каква нечујност можеше да му се доближи толку. „Не“, ја заниша главата Иван; го гледаше рамно в очи. „Важно е.“ „Важно е“, се насмеа Отец Симеон.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тие се доближуваат толку многу што ти се чини дека сакаат да ти застанат на рамото, многу пријателски се расположени.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тој што доаѓаше се доближи толку блиску до нас што дури и го почувствувавме мирисот на риба и на лук од неговата уста.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Грозно мирисаше.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Во еден миг, додека стоеше потпрен до едно од тие стебла, реши дека ќе продолжи напред сѐ додека тие просенувања не му се доближат толку многу, за да му го стеснат кругот така, што веќе да не може да пречекори од нив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Идеше бавно, не ни погледнувајќи во него, пречекори уште десетина пати, без и да го забележи неговото застанување, а еднаш, кога се доближи толку многу што тоа му заприлега на некој вид самоубиствена решеност на сѐ, волкот се стаписа и тој миг отскокна назадечки, како попарен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Ќе го закопаме, рекол некој зад Онисифор Проказник. Од зад голи гранчиња на темна грмушка кон него гледал кос.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Само гладоста и љубопитноста, или едното и другото, можеле да го доближат толку до луѓето и до запрегите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Молк! - му викна и му се доближи толку многу што Нумо почувствува мирис на евтина колонска вода и брилјантин.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ѝ се доближив толку многу
што можеше да скубне
додека да трепнеш.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)