Згора на сè, како единствен правник во оваа установа, таа на сите вработени им беше како „десна рака“ за сите правни прашања, работејќи ја кадровската евиденција и целата кореспонденција со судовите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Александар и онака немаше некои големи шанси да го добие работното место, Љупчо не познаваше никого ниту во Секретаријатот, ниту во гардата.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Останати промени а) новина во основните одредби на ЗВРС е обврската на АВРМ, по службена должност да направи прекин на работниот однос, по истекот на важноста на работната дозвола ако со неа бил заснован работен однос преку соодветен образец (чл. 1 од ЗДЗВРС/окт.13); б) со интервенцијата на Уставниот суд кај ограничувањето за нови вработувања или работа, најпрво беше касиран противуставниот текст кој нормираше дека доколку работодавачот не ги намирил своите обврски за даноци и придонеси, нема да може да добие работна дозвола за вработување на странски работник.66 Се пропиша уште еден дополнителен случај кога барањата за издавање на работни дозволи за странец, поднесени од работодавачи основани во РМ ќе се одбијат, а тоа е кога „постои негативно мислење од страна на Министерството за внатрешни работи во однос на издавањето на работната дозвола.“ (чл. 2 од ЗДЗВРС/окт.13)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Откако нејзе, во мај 2009, предвремено и завршува директорската функција поради промени во политичките констелации на тогаш владејачката коалиција – од која е разрешена со владино Решение бр. 33-2908/1, нормално, таа очекува да го добие „старото“ работно место што го имаше пред назначувањето на оваа позиција, иако потсвесно насетуваше дека, во знак на реваншизам, може да не ѝ се додели токму тоа место – но, сепак, во најмала рака да добие работно место како правник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Понатаму, ЗВРС донесе промени и во однос на процедурата за добивање работна дозвола од страна на странци кои немаат регулиран 116 постојан или привремен престој во РМ, а сакаат да добијат работна дозвола за засновање на работен однос.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)