добие (гл.) - одговор (имн.)

И уште не ни доби одговор од сина му, овој се појави на вратата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Co поглед доби одговор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зачекаа со нетрпение. Куле дојде до чешмичето и свирна тивко трипати со уста, а од капињата доби одговор и отиде кај другарите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Бре, како си синко, бре кај си, каде беше, шо стори, шо направи? — го засипа Трајко Толета со прашања, но ниту на едно не доби одговор како што чекаше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мекдоналд посебно бил заинтересиран да добие одговор на прашањето за грчката подготвеност да ѝ отстапи територија на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Како резултат на писмото на триесетти септември ГШ добил одговор од мајорот Гресером од Прилеп во кој се барало одржување на состанок.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ја исконтактирав агенцијата и набргу добив одговор од нив дека ми направиле аранжман за чување на деца во едно семејство во Париз.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
На ова подоцна добив одговор.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На тоа добив одговор дека сум му се одмилела поради тоа што го слушнал од другар му за мене.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Продолжи без да добие одговор на првото прашање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во тој миг го доби одговорот на прашањето кое долго време си го поставуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ма доста веќе, побрзај кажи ми каде се наоѓате сега, - побрза Јана да добие одговор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кај некого се појави, праша нешто, доби одговор и се изгуби.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Првостепениот суд стапи во контакт со Факултетот во Белград од кој доби одговор дека, за да се направи проверка на тлото, треба да се извршат сондажни дупчења околу куќата и под куќата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Рекоа дека ќе видат за што станува збор, но никогаш за тоа не добив одговор.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
63. Тие летни денови добивме одговор од југословенската амбасада во Москва.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше 93 Оваа комисија ја сочинуваат претставници на МТСП, репрезентативните здруженија на работодавачи и репрезентативните синдикати. 102 продолжен рокот, од 3 на 5 работни дена, во кој странката која ги добила предлогот и документацијата од министерството надлежно за работите од областа на трудот, треба да се изјасни дали прифаќа мирно решавање на спорот, а ако во овој рок надлежното министерство не добие одговор за прифаќање на предлогот за мирно решавање на спорот од другата страна, ќе се смета дека предлогот за поведување постапка не е прифатен (чл. 13 од ЗИДЗМРРС/14); б) исто така, беше зголемен рокот, од 3 на 5 дена од денот на прифаќањето на предлогот за мирно решавање на работниот спор, во кој страните можат да определат помирувач, односно арбитер од Регистерот.94 Ако тие тоа не го сторат во предвидениот рок, ваквата обврска паѓа врз министерството надлежно за работите од областа на трудот (чл. 14 од ЗИДЗМРРС/14); в) со бришењето на чл. 51 од овој закон (чл. 39 од ЗИДЗМРРС/14) се укина(!) правото на помирувачите и арбитрите на плата, придонеси и надоместоци од плата согласно со закон и колективен договор, па сега помирувачот, односно арбитерот имаат право само на надоместок за нивното учество во постапката за мирно решавање на работниот спор, кој паѓа на товар на надлежното министерство.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Консултациите се спроведуваат: (1) кога времето, методот и нивната содржина се соодветни; (2) на релевантното ниво на раководство и претставување, во зависност од прашањата за кои се консултира; (3) врз основа на информациите што ги обезбедува работодавачот, во врска со информирањето и на мислењето на претставниците на работниците; (4) при потреба претставниците на работниците да се сретнат со работодавачот и да добијат одговор за секое свое мислење и (5) во поглед на можноста за постигнување договор за одлуките во рамките на овластувањата на 26 Согласно последните податоци на Заводот за статистика, бројот на активни субјекти со над 50 вработени во Република Македонија изнесува 2.1% (в.повеќе - http://www.stat.gov.mk/ PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=79).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Лекарот чувствуваше дека тоа сомневање ќе продолжи сè додека Марија не добие одговор на писмото.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Значи ти ја немаш видено - ме праша уште еднаш доктор Пачев, сега веќе надвиснат над моето рамо, а кога не доби одговор, ме потчукна и ја продолжи онаа негова игра на нагаѓања што веројатно никаде не водеше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А, кога таа вечер отворив уста да ја прашам дали ќе нѝ раскажува, го добив одговорот на кој никако не можев да се надевам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Барав да биде призната Палестина. Република Македонија да воспостави дипломатски односи! Не добив одговор, но многу и не очекував.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Долго размислував што ќе напишам! Моите чувства кон Арафат и Палестинците сега не беа во кругот на интересите на земјата што ја претставував.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Кој тоа - умрел? Не доби одговор.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
За да ме спасиш мене, треба прво ластовицата да ја спасиш! – доби одговор од старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Но кога доаѓа времето да се добие одговор, е, дури тогаш, настапува тежина на сцена.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Не добив одговор на прашањето што ми значи, станав поиздржлива...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ми пријде Цвета: Милке ма, што ти се случило, како мртва си?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас само ѝ реков: Другпат ќе добиеш одговор.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но Мартин пак не доби одговор на прашањето.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)