Сејмените добија заповед да го обиколат селото и никого да не пуштат да излезе од него. A кадијата со беговите и група сејмени од педесетина души отиде право на собирот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Го положија на одарот во гостинската одаја и зашто добија заповед да не смеат да тажат, за да не го вознемират суланот запалија свеќи, ги склопија дланките и чекајќи го времето кога ќе си одат Турците од Потковицата, немо молеа за душата на покојникот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Веднаш испратија извештај за успехот до пашата во Скопје и кадијата во Прилеп, и од обајцата добија заповед бунтовниците да се доведат живи во Прилеп доколку се предадат живи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Мојот баталјон доби заповед да држи позиции меѓу Требезина и Бубези...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Затоа сонцето го огреа баш во селото Чаништа, оттука до чуката Маргара имаше уште цел час одење, та тие што беа на чуката слободно можеа да го видат неговото движење.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Аскерот нарипа, но дури се спреми, построи и доби заповед за тргнување, веќе и петлите пропејаа, а на Црна го забели и зората.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)