добие (гл.) - задача (имн.)

17. Еден ирски јунак чијашто мајка беше почината, доби задача од својата маќеа да тргне на пат до островот под морето и да донесе златни јаболки што таму ќе ги пронајде.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Само што тргна, коњчето рече, „Погледни ми во увото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тогаш додаде, “Имаше само три или четири дена кога моравме да останеме во кревет за да се згрееме”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во Февруарскиот поход добила задача да дејствува во Тиквеш и реонот на Гевгелија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во телеграмата меѓу другото се истакнувало: “во врска со општиот сојузнички план НОВ и ПОЈ добија задача да ги уништат комуникациите во југословенската воена зона и на тој начин д го оневозможат маневрирањето на окупаторските сили особено во периодот од 1 до 7 повторувам од 1 до 7 септември.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- Јас добив задача, до нова наредба, тука да се зацврстам и да ја бранам позицијата до последен човек...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но по барање на Шефот таа доби задача да биде главна врска со женскиот оддел на Прифатниот центар за странци и организатор на теренот на сите дејствија што ги планиравме како неформална група.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ема доби задача да биде врска со женскиот оддел во Прифатниот центар за странци и тоа ни ја олесни нашата работа бидејќи таа покажа завидно искуство во класифицирањето и анализата на предметите кои внимателно ги селектираше и ги процесуираше низ филтрите на Центарот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јас и Ема добивме задача да направиме попис на муницијата, а потоа, запечатена во сандаци, да ја предадеме на командирот на стражата во Камник.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Мечев добил задача да го убеди П. Бошнаков да влезе во Кружокот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Шатев (Георги Манасов) добил задача да го потопи францускиот пароброд.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Милан Арсов изјавил дека Поцев добил задача да го дигне во воздух паробродот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Некакво брливо теле беше исчезнато пред ден, два, па тоа утро уште рано, пред сонцето да го позлати Гогов Валог, Бојан доби задача од деда си да ги „претрчи“ ридиштата и кориите наоколу и да го пронајде избеганото теле.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На еден од тие летечки состаноци, Баге меѓу другите доби задача да стапи во врска тој и тој ден на тоа и тоа место во тоа и тоа време - се разбира дека не му беше кажано каква ќе биде таа врска, машка или женска, млада или возрасна, позната или непозната.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Не брзај, - рече. - Добивме задача.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Претходниот ден, откако беше собран гравот од нивата, ние децата добивме задача од баба ни, да ги собираме растурените зрнца грав, заостанатите мешунки.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Еден ден добив задача од Одредот да се пробијам низ непријателскит обрач, до Штабот на бригадата и да предадам писмо.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
ИВАН: (Доверливо.) Луков доби задача, во најскоро време и со стопроцентна сигурност да го организира убиството на Ѓорчета Петров.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Татко ми, како извршител на тестаментот, доби задача да ги исплати сите долгови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И покрај солзите на моите родители, заминав од дома за да се вселам во собата на стрико ми Ото, нешто страшно ме влечеше таму, и во неа живеам и денес, иако косата одамна почна да ми белее.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ова го чинеше за прв пат. – Тогаш добив задача, во името на жените на Алба­нија, да ги поздравам италијанските функционери, на чело со грофот Чано! – рече потем весело Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)