добие (гл.) - таков (зам.)

Од очите во публиката добил таква енергија, таква мотивација, по што не му останало ништо друго освен да се разлета по сцената.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Еден од начините да се добие таков опис е трагање по “модел”.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Синот мој не доби таков благослов, та остана учипчен во фреската.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Што ми требаше да доаѓам со вас без да им се јавам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Да, но ти знаеш – рече таа – јас ќе добијам таква казна од нив што ни на сон не сум можела да ја сонувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој навистина згрешил кога одбил да замине во духовниот свет бидејќи ми е познато дека добил таква понуда кога се возобновуваше нашата црква.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А има завршено и високо духовно училиште.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потоа се доби таква бркотница од бројки што немаше жив човек да се снајде.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)