добие (гл.) - некој (зам.)

Ете, да можам да добијам некоја белешка- признаница, писмено признание.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Од друга страна, некои од нив изгледаше како да се во добри односи со чуварите, им се обраќаа со прекари и се обидуваа да добијат некоја цигара низ шпионката на вратата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Изгледаше дека кога станал утрото, добил некоја идеја, а остатокот од денот го поминуваше развивајќи ја - тогаш, на пример, застануваше по еден час и штом пак почнуваше да говори, тоа сигурно беше додаток на развојот на неговата идеја или нејзино расветлување од некоја друга страна, секако, без оглед што сте зборувале во меѓувреме.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Неговиот начин на размислување беше крајно систематичен.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Таа е некој вид размена или интеракција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Гледајќи што не е „разговорот“ можеме барем да добиеме некои идеи за тоа што значи зборот и како да го употребиме.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Виљушката во рацете на Рада доби некое чудно треперење.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада ликуваше. Одамна вака убедливо не добила некоја битка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Е, па, тие претерале! Тој никогаш не се заземаше за работите заради пари, ниту да добие некоја конкретна власт.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа ги имаше гушнато и двајцата, а јазикот веќе ѝ се плеткаше кога рече: „Македонците сакаат само да се забавуваат, да играат и да пеат – затоа никогаш нема да војуваат, а камоли да добијат некоја војна“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Прави што правиш, чести си го таткото и мајката да не добиеш некоја клетва во некој лош саат, за да тргаш мака".
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Почна да тоне во некаква млакост, во која сите работи добиваат некоја чудна извртеност, некоја лудечка испреметканост, а пред некој негов внатрешен поглед, кој остануваше постојано да дебне и во тој полусон, кој беше исто така негов и исто онака вистинит, тој се прегрнуваше со некои двајца луѓе, што требаа да заминат, а веднаш потоа ги гледаше оние двајца како застануваат крај патеката, како дрвјата, пренатрупани со окит, од кого веѓите им беа сосема бели, а со него се прегрнуваа сега и исчезнуваа полека по снегот нагоре, едно по друго, сите тие дрвја, а тој им намавнуваше ним со рацете, со сите свои десетина раце, од кои како бели перници се стреснуваше некаков окит, а за сето време некој некаде продолжуваше да го дупчи тоа, да го пробива, се мачи постојано да го пробие, со некаква долга шилка, бела и цврста како заб, како од слонова коска, но она се надига пред таа шилка и таа ниеднаш не успева да го продупчи...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сепак, изгледа можно дури и во ваков, патолошки случај како што е „Jabberњocky“ да се добие некоја приближна еквиваленција.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Кога дојдоа тие, таа доби некоја сила и ме оттурна.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)