83. Таа арнотија добива уште поголемо значење со тоа што таа беше причината да се образуваат комитети, организации, чети, востанија, да има убиства, грабежи, колења и др. и во сето тоа Бугарија ни помогна и со пари и со трпење на комитетите на своја земја. 4/ верата во бугарското чувство кон нас си ја плативме со воставањето, од кое Бугарија вистина не нѐ задржа и не ни помогна, но… го испрати Начевича84 да преговара…
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Имаше моменти кога се тркалаше по подот, бесрамно како животно, извиткувајќи го телото наваму-натаму во бесконечен, безнадежен напор да ги одбегне ударите, а всушност само добиваше уште повеќе и уште повеќе удари во ребрата, во стомакот, по лактовите, по потколениците, во слабините, по тестисите, по коската на крајот од ’рбетот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Старицата се обидуваше нешто да пее. Од нејзините усни некако се откинуваа звуците на „Ла Палома“, од која песна добиваше уште понатажен изглед.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)