- Сечевме за да не нѐ сечат, зборувал Чучук-Андреј кој лежел сокриен во олтарот на најоддалечениот манастир. - И пак ни дојдоа до глава.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но животот се движел по линијата на својот пат и по осудувањето над човечки век на преживеаните од дружината: пред првите есенски дождови, по незапомнетите суши и страдања во илјада осумстотини триесет и петтото лето, според календарот на христијаните, за сите седумдесет и шест куќи во Кукулино ја ткаеле својата камена песна над пените на плитката Давидица дванаесет воденици, ноќе и дење, потоа, и од другите села да почнат да им доаѓаат тврдоглави луѓе какви што се раѓале под црногорицата носејќи на магариња или планински коњчиња пченица и 'рж.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)