доаѓа (гл.) - глас (имн.)

- Тој е, само тој е и никој друг, - доаѓаше гласот на Оливера Срезоска, таа сѐ уште не можеше да се смири.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Како се оддалечувавме – слушавме времето што идеше како ја тресе вселената пеејќи: Од каде доаѓа гласот ваш и кој ве закова за земјата Вие без писмо што ги запишавте сите книги човекови?
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Еразмо, отпрвин збунет од каде доаѓа гласот, се поднакашла од страв, потоа, осознавајќи дека старецот му прозборе, во одбрана, одговори со прашања, како од пушка: -Како да сеам, кога тебе те носам, вреќата ја носам, патот е полн со камења, црни гранки и мраз, а земјата е недостапна?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ах мој ти ме сју ти зи, Ки’ ке бузен си ќерши, Е, еја, еја те лој, Се ти зембрен ма мори!... (По завршувањето на песната, која Илија ја прати со големо интересирање, му ја изкривува капата на Арнаутикот над око и кон останатите Арнаути од каде што доаѓа гласот): ИЛИЈА: Рофш!... Рофш!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Оддалеку, преку ѕидовите, Арсо слушна пеење. Мелодијата полека навлегуваше во него и млачно ја растворуваше тагата за нешто неодредено. Се упати натаму откаде што доаѓаше гласот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)