Трчаше како да лебди, како да не гази на земјата, како крилја да има, како ветерот да го носи: ги прескокнуваше ендеците, меѓите, младото жито како да не го газеше, а само го допираше со стапалата, трчаше низ нивјето и ливадите одбирајќи го најкусиот пат, и кога стаса до неа, немаше здив и сила - и се испружи крај неа: легна на плеќи збивтајќи и дишејќи лакомо; и таа започна да дише забрзано исплашена од неговото ненадејно истрчување од пченките.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Легна на железниот кревет на кој имаше само сламарица која му замириса на гумно, на летна жетварска ноќ, на 'ржаница, на разни тревки и билки како да дише огромна билна аптека; и дишеше лакомо, среќен и задоволен како дивеч што соочен со хајка и смрт, успеал да си се врати на своето старо и сигурно легло.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)