Ако одговориме потврдно, тогај, очигледно не водиме сметка за комплексот придружни составки кои го дефинираат и материјализираат првиот допир; доколку пак го негираме тоа - ние свесно ја скаменуваме континуелната смисла на творечкиот чин, зашто авторот тогај би се престорил во објектив, во ѕид врз кој е втиснат далечниот печат на зборот, сликата, тонот...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Само што ќе го наслушнете
внатрешниот Глас
алхемијата на домот
веднаш тргнувате
ни риби, ни змии
на далечен пат, само вам знајниот
Млечен пат од слатки и солени води
на деноноќни бесони патешествија
во кои го составувате
едниот крај на светот со другиот
па повеќе не е јасно дали егзилот е траума
или радост на преселбите
да се биде
и таму, и ваму
од светот да се направи меѓусвет
секогаш да недостасува нешто суштествено
од едно и едно да се направат три
носталгијата да биде дискретна смисла
на опстанокот
која ревидира сѐ и повторно ги дефинира
и селидбите, и враќањата
и татковината, и туѓината!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)