ВО БЕЛГИЈА бев можеби во еден од најубавите краишта, во таканаречените Белгиски Ардени, кои се слушаат откај француската граница, па сè таму кон Луксембург и постапно кон Уј, кој потпаѓа под широкиот регион на Лиеж, далеку на деведесет километри на југ од Брисел: практично сето тоа се наоѓа на еден многу значаен крстопат - одовде се делат патиштата за цела Европа - Германија, Холандија, Луксембург, оттука минува главната магистрала, која Белгија, покрај Брисел ја сврзува со Европа.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ни се дели патот со детето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во Уј не се чувствува градска бучава, а автомобили се среќаваат само долу на крстопатот, на оној мост што минува преку Меза, и од каде што се делат патишта за север, југ и натаму.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Овде е трговијата, најголемите стоковни куќи, модерни магацини, оттука се делат патишатата за целиот град, па оттука се фаќаат и дијагоналите за патиштата низ сета земја...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)