движи (гл.) - низ (предл.)

Луѓето тромо се движеа низ калта, а гласовите нивни како да идеа отстрана, некаде подалеку од нив.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во постмодерниов момент, можеме да ги видиме сите истовремено - аскетизмот на триесеттите, геноцидот на четириесеттите, рамните потпетици на седумдесеттите, - вртоглаво се движиме низ милениумот, како да тонеме и при тоа го гледаме сето наше минато.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во себеси помислував дека нема оваа височина да биде полоша од онаа кај Јихлава, каде што се движевме низ тунел од снег.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога се движите низ овој град, сметате дека сообраќајот се одвива без ред, но и во тоа безредие постои некаков ред, зашто ако беше поинаку би настапила бркотница и би дошло до сообраќајна катастрофа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се погледна на малиот дел од огледалото, другиот беше зафатен од книгите кои, се чинеше, веќе се движат низ собата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сати, со упатството за пуб­ликата пред изведувањето на своето дело за кое инструментите беа смес­тени во аглите од салата, апелираше „присутните слободно да се движат низ салата и да разговараат” (што тие не го направија).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Телото се движи низ артифициалниот простор користејќи специјални направи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Досадување е најблиска паралела на Empire во уметничката традиција.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Системите монтирани на глава ги ограничуваат визуелните и слушни осети од околниот свет и нив ги заменуваат со компјутерски произведени осети.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Додека се движеа низ претсобјето, со аплауз беа испратени од персоналот на болницата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Заплисната од пробудените чувства, понесена од среќниот наплив на љубовта, почна постепено да губи интерес за Пансионот и сè повеќе со чашката в рака да се движи низ просториите, да пие, да лудува со Богдана не водејќи сметка за ништо.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Еден детаљ од таа слика покажува како во три елиптични венци безброј ликови се движат низ просторот што се губи во бесконечноста.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тој се движеше низ сите тие нешта како „заспан возач”, управувајќи со природноста на месечарите кои ги користат своите нозе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Малку разонода не би му пречела, би можела дури и да го растресе од бизонските патеки по кои се движи низ Скопје.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И Кара-Демир го вообликува звукот во илјадници игли; се провлекуваат низ шуплинките на коските во осакатените нозе и де движат низ него цењлиот - коските му се сушат и се распаѓаат, тој станува изѕемната и глекава маса со покриена бојазливост за себеси таков.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Му се забранувало на граѓанството да се движи низ градот од еден час по зајдисонцето до утрото.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Патролите се движеле низ градот една по друга на мали растојанија, се внимавало на џамиите од каде што обично ги почнувале своите злосторства муслиманските фанатици и друго.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ослушнуваше: звукот од чекорите се растураше напред и назад, во една линија, и тој сфаќаше дека се движат низ тунел.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На пример, таа е тука, дома, се движи низ куќата, или седи и чита, или пишува нешто, или баш ништо не прави, а и јас сум дома, заедно сме, но всушност не сме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Е, па, тролови се многу мали шумски џуџиња кои живеат во чашките од ливадските цвеќиња, дење спијат, а ноќе излегуваат и се движат низ шумата и гајле си немаат од темнината.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Најмногу сакаат да летаат врз крилцата на светулките и секогаш кога во Маврово ќе видиш светулка, да знаеш дека таа носи по еден трол врз своите плеќи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Спретен психоделичен човек научил да се движи низ тие стварности.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Токму во тоа е работата - да се биде иронично свесен за блесавата несовршеност на светот (и на самиот себе си), и едновремено, да се движи низ тој свет низ климаксот на мигот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ја откривам сликата од перспектива на детската меланхолија – дедо тивко се движи низ собата, гледајќи ме, потоа го раскрилува прозорецот, бучавата од улицата допира до мене, постепено, неумоливо губејќи се, тие проѕирни моменти што постојат само во еден сегмент на нашето минување, а чии траги се одблесоци, одзиви на нашата тага.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Сепак, јас се сеќавам на многу моменти кои, се уште, како секвенци од некој дамнешно прожектиран филм се движат низ мојата глава.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Последната Нова година во стариот стан во Мичурин помина без елка.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Всушност со несигурни чекори се движам низ просторијата во која владее насилничкото расонување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се клешти и ми се заканува: „Сакаше за празникот да ја имаш првата страница? Еве, ќе станеш цел лист, само да те престигнам!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога наеднаш машината здиве и тргна кон мене, но веќе не се движеше лазејќи, се знае колку бавно се движат валјаците, туку се престори животно; троглава аждаја со осум нозе; и јурна тоа чудовиште да ме брка за да ме престори обична страница за нашиот гратски весник.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Толку се труди кутриот, што јас всушност можам и да го прочитам неговото тврдење иако сѐ уште не е изречено.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи: стојам и пресметувам со каква брзина машината ќе треба да се движи низ преостанатите три деноноќија ако сакаме навреме да втаса до целта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со мене низ просторијата шетаат и зборовите на неуморниот иследник.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се трудам да се движам низ реалноста. Исклучок од ова правило се само соништата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Гледате, - велеше учителката - Оливера со отворени сетила се движи низ природата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
За сè што ме прашува мама, нишнувам со глава.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Од прво до четврто одделение таа секогаш најубаво раскажуваше за сè што го беше забележала на есенската прошетка во Сарај.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ја гледам како рамномерно се движи низ кујната, без брзање, без нервоза.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Таа секогаш беше најсилна по природа и општество.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Таа прашува - таа си одговара.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Цветна разиграна река жуборливо потече кон Плоштадот Македонија, предводена од горните јавачи на коњичкиот клуб „Илинден“ - вистинска атракција: овие грациозни животни, тотално истиснати од моторизацијата, елегантно се движеа низ урбаниот простор, низ улицата Македонија, а негуваните тела и гриви светкаа на пладневното сонце.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Бев сама без оружје, сепак е страшно за женско само да се движи низ пусти патеки.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
За прв пат таа ќе ги види жолтите трамваи кои бавно се движеле низ градот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Одвреме-навреме одел и дома ѝ, и гледајќи ја каде што се движи низ куќата, не му изгледала толку дебела, сѐ додека не седнела, при што сите облини се спојувале: нозете ѝ станувале како една, колковите се ширеле, а горниот дел од телото се спуштал надолу, се скусувал и раширувал.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Колата продолжи да се движи низ празните улици, а зад неа остануваа пустите тротоари без звуци и движења во студникавата есенска ноќ.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)