даде (гл.) - сега (прил.)

АНТИЦА: Среќо моја, дај сега и јас да те бакнам. (Се бакнуваат).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Не влечкај! Дај сега од твоето. - По два дена ќе имаме. - Доцна е два дена.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Не тато, не сум, - реков, иако не знам што сѐ би дала сега веднаш да можев да се покријам под јорганот, таму да го скријам лицето.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Дане, дај сега пари за вино. Да честиш за името. - Па нели комшијата ќе донесе вино?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Да ти дам сега, ефенди, само да го оставиме човекот?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ко пијана кокошка разодува и едно по едно си зборува: — Што да ви дадам сега за јадење, ништо не ни оставаат, сѐ наопаку превртија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)