Алузијата на Аида им дава посебна еротска димензија на обичните практики и задоволства на обожавањето спортски херои, при што истовремено ги буквализира и сексуално ги алегоризира јуначките својства на спортскиот јунак.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Булеварот „Ленин“ е познат со своите розови дабови, кои му даваат посебна убавина и привлечност и затоа мнозина го наречуваат булевар на „розите“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
А тоа е потсетник дека тука се работи за отворено геј-спортски клуб, во кој припадниците на тимот не се само ликови на локалната гордост туку и ликови кон кои постои имплицитен еротски восхит, па дури и експлицитно сексуално доживување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Преземајќи ја како колективен субјект на изговореното персоната на пленицата, на предосудената принцеза што трагично се вљубила во јунак војник и рекапитулирајќи ја хетеросексуалната театралност на љубовната приказна, цитатот иронично им конструира на обожавателите на тимот една женствена субјектна положба на страсна, занесена, очајничка и престапничка сексуална желба, во која се комбинираат женствената родова улога, хомосексуалната желба, мелодраматичната театралност, расната различност и субверзивната остроумност.
Поконкретно, оперскиот цитат упатува на возможната еротска поврзаност меѓу обожавателите, кои го изговараат поздравот, и припадниците на тимот, кои на турнирот ќе ја претставуваат спортската сала не само како протагонисти туку и како сексуални партнери (или можеби како посакуваните сексуални партнери) на (некои од) нејзините членови.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Решив на Мариела да ѝ дадам посебна задача, а тоа беше времето кога нејзината преокупација со Москополе избледна и таа започна да работи на својата докторска дисертација на сосема друга тема.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Црквата му дава посебен белег на центарот на Берлин и таа е појдовна точка за север или за југ на улицата, таа е патоказ или информатор дека во овој град победила најновата, најмаркантната, најекстравагантната линија на новата архитектура.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Успешноста на ова машко геј-присвојување на операта, тогаш, не зависи само од нејзината кодираност за родот туку и – барем откако геј-субјектот ќе се постави во субјектна положба на стрејт-жена што посакува – од нејзината кодираност за геј-сексуалност.
Понатаму, треба да се нагласи мелодраматичната тематика на тајната, незаконита, забранета, предосудена љубов, која придонесува љубовта на Аида да стане возможна основа за хомосексуална идентификација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)