А субјективниот живот, инстинктите и интуициите нужно ќе ти ги обликува тоа што си Американец, ќе ти ги обликува поврзаноста со американската култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Дури и ако си Афроамериканец или азиски Американец, тоа што си Американец, сепак, ти дава субјективитет што е различен од субјективитетот на неамериканците.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Би можел дури и да кажам дека тоа е каков си се родил – во смисла на тоа дека ако си се родил и си растел во Америка, неминовно стануваш Американец, ваков или онаков, без разлика дали сакаш или не сакаш да станеш Американец.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но тоа не значи дека има некој ген што ти дава американски субјективитет, немаш во мозокот некоја жлезда што те прави Американец.
А сепак, да се биде Американец, како и да се биде геј или да се биде стрејт, е длабоко лична работа, длабоко определително за тебе како поединец, тоа длабоко ти го обликува сензибилитетот, начинот на кој го гледаш светот, реакциите кон другите луѓе.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)