Ми говореше дека кога го исцлелил болниот од Кападокија, и кога овој му ја дал штичката како подарок, првпат узнал дека постои и писмо на дрво.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кога Филозофот го прашал слепиот од каде знае што е напишано на штичката, кога тоа што е напишано сочинето е со букви за него незнајни и неразбирливи, овој му одговорил: „И кога допирам запис од писмо непознато, јас знам какво собитие е запишано; така, кога ми ја даде штичката со твоите букви, јас видов дека за мене тие знаци се непознати; но сепак разбрав за какво собитие говори записот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)