Претресот во означената куќа не дал резултат.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Првите сондажи направени во Солун не дале резултати.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Глетката не беше најпријатна, но даде резултат некаде пред зори, кога една бела птица со женски лик слета на неговиот прозорец.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Како што видовме, истражувањата што можат да се наречат научни сѐ уште се вршат за целите на војната, но тие во суштина се еден вид сонување со отворени очи, а нивниот неуспех да дадат резултати е неважен.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Надежта која ѝ ја даваа докторите и нејзината ревност во лекувањето на стерилитетот, уште одамна требаше да дадат резултат.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Етимолошката анализа на поимот “бројаници” не дава резултати, освен можеби според развојната линија: изброено подредено осветено - броењето претставува составен дел од многуте ритуали, а рускиот назив за “бројаници” - “четки” (се чита: чотки) со игра на созвучја “чет” од првиот збор со “чет” - парен потсетува имено на броење: пар - непар.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ако останатите Македонци по нас видат дека акцијата е добра и дава резултати, тие по своја иницијатива ќе не следат и ќе почнат други слични акции.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)