Роза, Марие, Паулина и мене нѐ ставија во група од дваесетина жени на наша возраст, и такви грбави, расклатени во одот, со бастуми во рацете, со погледи кои се обидуваа да наѕрат нешто повеќе во просторот, нешто подалеку од неколку педи околу себе, нѐ поведоа до блиските бараки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
За миг, два, пред нив се најде Стрела. Ја вртеше опашката, очите ѝ светеа. Очекуваше да ѝ се даде леб.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Момченцето можеше да ја продолжи уште, но кучињата веќе почнаа да покажуваат знаци на лутина, па им го даде лебот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Наместо да ни дадат леб, нѐ бркаа со стапови, нѐ пцуеја и колнеа, ни ги пуштаа кучињата...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ни дадоа леб и вода, и нѐ застанаа во ред да ни ги прегледаат документите, да ни ги запишат имињата, годините на раѓање, каде сме живееле, и да определат каде ќе нѐ сместат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Станувам наутро рано и знам: Гаро ќе го врзам и ќе му дадам леб, а на коњот зоб.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)