даде (гл.) - живот (имн.)

Она што е статично е мртво, како историјата, додека динамичното е живот, а понекогаш и уметност, како во случајот на Александар Бренер.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така, Шафрази кажува во едно интервју: „Сакав уметноста наполно да ја осовременам, да ја извлечам од историјата на уметноста и да и дадам живот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Го поддржувам гестот на Александар Бренер зашто пулсира со енергија, зашто, уста на уста, му дава живот на она што е мртво, како што се мртви уметничките дела или културата, закопани во нашата меморија, нашата свест, нашите книги.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Многу често извршителите на овие дела сакаат да го сфатат вандализмот не како нешто сосема безначајно за самото уметничко дело, туку како исполнување на неговите внатрешни Маргина 37 51 потенцијали или дури и како начин на оживување на уметничкото дело.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во хрониките и легендите никаде не најдов како се лечи сув бунар, туку само како лечи, самиот тој, бунарот, како дава живот, како исцелува, но и како влече длабоко долу, како плаши и страши со откритијата за живи и за мртви тајно фрлени на дното.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во таа 1932 година, кога се растури Прокоповата тајфа, како самиот пекол да беше истурен врз земјата: се исушија сековите што им даваат живот на аргатите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој стоеше над неа, гледаше во мене и се смешкаше, и јас видов дека во раката држи калем од небесна лач, калем каков што дотогаш не бев видел; се смешкаше благо, благоутробно, понизно, молежливо, благодарно, со чиста љубов и милост кон мене, и јас гледав во тие негови очи кои сега зрачеа со жар тивка, жар што долго и бавно ги грее душите на ближните, жар непакосна, нужна за живот, како сонцето што дава топлина, како мудроста блага, а не како пламенот на суетата, слама пламната, оти сонцето дава живот затоа што не пали и гори, туку загрева и стоплува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Си имаат свој начин, видување и разбирање за светот чии задоволства сакаат да ги користат сега, овој миг со неизгасната желба убавото, пријатното, сладостното што го дава животот да го доживеат сега и во од се бакнуваат, делејќи си насмевки, страстни погледи и воздишки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Знам дека не може да се споредува ужасот на срамот со ужасот на губитокот, и не можам да си простам што, за да се спасам од ужасот на срамот, ти задавам два ужаса – и срам и губиток.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И бидејќи нема да можам да му дадам живот каков што заслужува, живот каков што јас сум должна да дадам затоа што таков ми бил даден мене, најдобро е да не му дадам никаков живот, а својот да си го одземам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Има и ќе се најдат мнозина интелигентни Македонци што се готови да си го дадат животот за интересите на својата татковина и својот народ, коишто ќе се запрашаат: што е поважно за нас Македонците – општобугарските, општосрпските, општогрчките или македонските интереси?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сите борци кои го дадоа животот за Македонија тука ќе свратат, тука на наша врата ќе тропнат, и со мртвечки раце згрчени во сонот, ќе ги угушат чедата нивни, ќе ги опакостат.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Напротив, решив да му дадам живот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој ја држеше за рака, а таа беше свесна дека нејзе ѝ зборува, ѝ говори, ѝ глаголи за патот што им претстои.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Френк ќе ја прифати. Ќе ѝ даде живот, можеби и љубов.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Полна со свежа вода која му дава живот на цвеќето.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ти крв што тече низ вените на татковината и и дава живот.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Тие неколку години на специјализација се лиши од многу мали и поголеми задоволства што ги дава животот, од попладневни одмори, викенди, летувања…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Човеков е маченик. Го дал животот за света работа.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Вртејќи ги корењата кон езерото, врбите ја свртеле и сета своја снага кон него: и стеблото и гранките; се извиле над него, ги спуштиле крошните што поблиску до него, до неговиот шум и плисок што им дава живот; сѐ што чинеле, чинеле додека биле млади: ги спуштале гранките како самовилските коси во него, ги киснеле, ги препуштале на ветерот да ги вее, на сонцето да ги суши.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но, тие искуства без сомнение се значајни за неговата уметност и живот, се поставија помеѓу него и целосниот физички и ментален крах, клиничка депресија од која навистина страдал извесно време во првата деценија после војната. (Овој крах за него бил, како што признал, вистински - емоционален - крај на војната.) Бојсовата преоку­пираност со топлината и присноста со цел на обновување на телото и духот, со конкретно доживување на “материјалот што дава живот”, датира од времето кога го негувале Татарите и кои ги сметал за своја фамилија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Лечејќи го Бојс и учејќи го како да се лечи самиот, Татарите му дадоа втора, посреќна прилика, како возрасен, да ги почувствува топлината и присноста од кои порано бил лишен.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Постојат сомневања за тоа што Бојс навистина доживеал кај Татарите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А колку грама тежи оваа сирота, напатена, уморна душа, знае само тој што дава живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Имаш ли храброст после сите тие години на разочарување да ме бараш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Со тоа, неговиот текст за границите носи печат на вистински интелектуален интерес кој се протега од чисто теориското па сè до политичкото.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тоа е добра појдовна точка за истражување која им дава живот на теоретските дебати.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Нивните евидентни грешки само ги стимулираат за поголеми грешки и за погласно самодокажување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
-Тие се досадни. -Тие ја мразат убавината.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
-Во својата алчност тие спонзорираат потрошувачка на смртоносен шеќер а сурово казнуваат за поседување на алкалоиди и киселини што даваат живот. -Тие никогаш не признаваат грешка. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 63
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)