даде (гл.) - таков (зам.)

Токму затоа другите глувчиња му беа дале такво име - Цивко.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Откако дадов таков предлог, првпат во животот ја видов Луција заинтересирано да гледа во мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сите, најмногу го почитувавме Борис Сарафов за оној гест што тој го стори пред конгресот на Врховниот комитет, кога му побараа отчет и тој не можеше да даде таков за сумата дадена на гемиџиите и, за да не пропадне делото ако тој ја каже вистината и неа ја разбере турската влада, Борис Сарафов го понижи своето достоинство и авторитет и изјави: „Таа сума ми беше дигната од една лесна жена, со која имав интимни врски“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И немаше да морам да ја пишувам книгава. ‌Всушност, новата генерација геј-деца во чие име наводно се даваат такви изјави честопати се воздржуваат самите да изнесуваат такви категорични тврдења.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Уште еднаш, јас разбирам дека вам ви е чудно што на вашата книга ѝ се дава таква интерпретација, но тоа не е за чудење.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Критериумите во овој прирачник се мошне корисни за контрола над популацијата, бидејќи сте во можност да ги примените врз било кого кога тоа го бараат околностите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Овде тоа е претставено како парадигма за длабочината на шизофреното ментално заболување!  Имам впечаток дека пациентот дава сосем добар одговор на прашањето зошто луѓето веруваат во Бога.  Би ми била чест и самиот да можам да дадам таков одговор!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Цревата повторно почнаа да ми кркорат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ќе видиш и ти кога ќе нè стигнеш нас, и тебе ќе ти даваат таков лек. Затоа не ти даваме.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ако беше точно тоа, ако на цели народи им е дадена таквата способност, тоа ќе беше најголемиот грев на оној кој управува со нас луѓето и со нашата волја, па нека е тој господин и самиот Господ.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)