Ќе однесеш кошула од мажот ти на Капиштец. Ќе ми дадеш мене две банки.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Ех, тие комшии, си мисли К* поттикнат од повторниот тропот на чинии, колку само храна фрлаат бескорисно, онака без врска, парчиња салама, дури и понекое мевце, наместо тоа да ми го дадат мене, си мисли К* и чувствува, целото негово крзнесто тело се тресе во грозницата на негодувањето.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Впрочем, јас сум убедена, дека ако би ми дале мене пет минути да позборувам со него, сѐ одеднаш би се разјаснило.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
А од кого ќе позајмам јас, му вели, кој ќе ми даде мене години, и со мои години ќе живеам јас, му вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И бидејќи нема да можам да му дадам живот каков што заслужува, живот каков што јас сум должна да дадам затоа што таков ми бил даден мене, најдобро е да не му дадам никаков живот, а својот да си го одземам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Знам дека не може да се споредува ужасот на срамот со ужасот на губитокот, и не можам да си простам што, за да се спасам од ужасот на срамот, ти задавам два ужаса – и срам и губиток.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)