даде (гл.) - им (зам.)

Вие градите и подигате на туѓ имот, зашто имотов е наш а не на Турците, ним даден им е само на уживање.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Па, кога се мртви, дајте им на кутрите мајки нека ги истажат барем.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Со други зборови, дајте им ја вие власта во рацете на Македонците, тоа треба да се разбере на оние од нив што се викаат Бугари, та од неколку години после вие ќе видите оти и во Македонија од другите народности ќе остане тоа што остана од Грците во Источна Румелија, по ослободувањето на последнава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бездруго, дајте им ја власта на најмалите и - не ќе зажалите.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
И, ко што е редот, се свртев кон изгрев, кон Св. Спас, ја кренав раката, се прекрстив и благословив: - Господе, дај им челад на младите, дај им здравје и арнина, дај им слога и топлина, во срцето добрина, место козина коприна, куќата со азно покриј ја, до крајвека, до амина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Дајте им место на милозливоста и на милоста. Озарете се.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Господе, дај им разум... - почна да се крсти отец Серафим.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Немој мене, ти дај им го ако им го даваш, да не се мешам јас.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Еве го“, му викнав на Перета, „дај им го, нека одат по ѓаволите“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Оние што останаа Онаа што за првпат го бакна се разбуди од некој закрепнувачки длабок сон.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пресуди им праведно на душите што ти ги носам, спаси ги од изгубеноста во вечниот мрак и дај им прошка и утеха. Амин“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Или не, дај им прво на жетварките нека вечераат.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
(Му фрла на Сивиќ плик.) 50 илјади. Дајте им ги. Нека се снаоѓаат. Се обидовме со добро.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ОСТОИЌ: Најди питомци па дај им ги нив.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Нашиот ѕвонар, другарот Анески, еден од некогашните членови на оваа куќа, во свои часови мошне живо си спомнуваше за сето тоа и што беше најчудно секогаш сам почнуваше да раскажува, без некој поголем повод ќе рече: - Луди како луди, ненормални, - велеше, - дај им малку боја и забораваа на сѐ, со денови забораваа и за јадење и за спиење.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На капите што вчера ни ги дадоа им сошивме црвени петокраки и ги дотеравме да не ни висат над тилот и ушите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
35. Вратата избира, не човекот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
34. Барај поради уживање во потрагата, а не поради наоѓањето...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
40. Не цени ги овошките по нивните плодови ниту човекот по неговите дела; тие можат да бидат полоши или подобри.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
33. Дај им ја светињата на кучиња, фрли ги бисерите пред свињи; само подарокот е важен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)