- Што? - праша дедо Васја, тресејќи се со небричената брада.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
- Документите дај ги - му дошепнаа на дедото од зад грбот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Сакам да кажам, дај ги зелените и да бегаме!
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тоа го држи животот. Ако имаш пари дај ги, куртули се.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
— Дај ги парите, вели, и вади сѐ што имаш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Дај луѓе. Дај ги, па ако сакаат нека крадат. Дај ги нив па ако сакаат нека чинат сѐ, што можат, сѐ, што е нивно. Дај, барем еден од нив. О, дај...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Дајте ги тие вреќи и бовчи и пикнете се на суво!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
„Останаа уште Тетратките! Дајте ги ваму!“ - викаа сите.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
„Е, де, јас колку да прашам. Зборот дупка не прави. Ајде, дај ги картите!“ забрзуваше Љупчо.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Не можам. Ете така, мислам - и да не ме чуе би ми било како да го навредувам.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
А и ти немој да си посмеал со тој збор да го спомнеш татко ми!“ реков вцрвен и готов да му се нафрлам.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
- Или тапиите дај ги, велат, или омажи се! - Па јас сум мажена, велам, при жив маж ли да се мажам?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)