губи (гл.) - некаде (прил.)

- се носеше нејзиниот глас и се губеше некаде низ зелените падини на китниот и убав Пелистер.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Деновите да поминуваат праволиниски, одејќи низ улиците со поглед кој се губи некаде низ просторот и мисла која ќе се скрие далеку во времето и никој нема да ме праша: - „Зошто ја скрши и последната чаша надеж?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Крвавата нишка се губеше некаде во коријата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се чинеше дека немаат крај, се губеа некаде во мрачната подводна далечина. – Јас вечно ќе ги цицам соковите на земјата и, еве тука ќе ги исфрлам, како в море ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Еден по еден ми се губат некаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Тука Нумо прекинува, се искашлува, гледа некаде од високо, мижурка, погледот му се губи некаде пред него, небаре сака да се потсети каде ли уште води трагата и, по подолго молчење, продолжува: - Стопанкината, трагата, наша де, секогаш, барем нас, не водеше кон нашата смрт, или нашето осакатување...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Севда погледна онака каде што по ширното пасиште воловите беа скротнати да пасат и го чу милозвучниот глас од ѕвончето на нивната крава Белка, му го чу дури и ехото како се губи некаде по ридот нагоре.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Како што книгите исчезнуваат од јавно, за сите достапно место, и се губат некаде во недостапноста на приватното поседување, така и јавната функција “професор” се девалвира на својот премногу човечки, приватен супстрат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ако навистина секој може да произведува слики на тие цвеќиња, првобитната идеја на уметникот се губи некаде во самиот процес. DD ЕВ: Мислите дека тоа е лошо или добро? DD ПТ: Најпрвин, дали се согласувате со тоа? DD ЕВ: Да, доколку го нема мојот потпис.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)