Во октомври тргна оној погребен процес „Хипи, верен син на мас медиите”, кој го организираа вистинските хипици, кои навистина беа вовлечени во организацијата на општествениот живот и кои ги презираа сите оние free-style клинци кои дојдоа во Сан Франциско во текот на летото.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Неколку месеци по ова новинарите веќе почнаа да пишуваат за тоа како Хајт Ешбери стана куп ѓубре и како сега сѐ стана валкано и одвратно.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Сѐ уште многу клинци трипуваа, но уште сега сета таа сцена почна да ја губи смислата.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Проблемот е во тоа што законите на духот во идеолошка ситуација бараат материјален, механички поединец, при што најчесто се губи смислата за тоа што е човек.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Според авторот, идеологијата како идеелогија е секогаш поврзана со индоктринацијата, која како едно исходиште го има барањето на германската философија законите на духот да и се наметнат на природата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ако трае подолго му се губи смислата, зошто стануваш осамен.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
По навик што сѐ повеќе губеше смисла или по инерција што сѐ повеќе губеше сила, уште ја ставаше искапаната врска околу вратот како износен и широк огламник, при сѐ што од вратот му беа останале само брчки од кожата и безгласниот грклан; а косата на главата му опадна пред да побели - па во очите на ненаситните колеги сѐ повеќе прилегаше на белоглав орел со одрана шија, кој уште со ноктите се држи на карпата чекајќи да се срони заедно со неа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Вербата во човековата моќ да ја објасни новата судбина даваше на преземената дипломатска мисија некаква дополнителна моќ, која можеби и го оправдува постоењето на оваа професија во времето кога во светот се губи смислата на некогашните граници, кога заедничката планетарна судбина станува неодминлива реалност.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ништо не беше како некогаш!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Твојот поглед, ја губи смислата на страст... Не се откажувај!
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Но, мухамеданските темници се толку темни
мразни и омразени
што и носталгијата ја губи смислата
Во нив на сонцето мислам само по сеќавање.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)