губи (гл.) - сила (имн.)

По навик што сѐ повеќе губеше смисла или по инерција што сѐ повеќе губеше сила, уште ја ставаше искапаната врска околу вратот како износен и широк огламник, при сѐ што од вратот му беа останале само брчки од кожата и безгласниот грклан; а косата на главата му опадна пред да побели - па во очите на ненаситните колеги сѐ повеќе прилегаше на белоглав орел со одрана шија, кој уште со ноктите се држи на карпата чекајќи да се срони заедно со неа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Беа тоа денови кога сигурноста и во мене почна да ја губи силата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Веќе следниот миг се слушна како вагоните во тунелот сопираат, како експресот ја губи силата, како не може да го прониже тунелот, како папсува; а само миг потоа, од тунелот истрчуваше машиновозачот, млад човек со брада, ќелав, влакнест во рацете, избезумен, и нешто викаше; излегуваа од вагоните и многу луѓе, цел град, цел еден свет; се собираа под покривот на мостот, под мрежата со згаснат напон и гледаа во јагленосаното тело што лежеше на мрежата; некој се онесвести, а некој друг повика: „Каде е жената?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Џинот ја губеше силата, оставајќи зад себе чувство на испумпаност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во плитакот, се изложува на опасности, во длабочините, ја губи силата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Од ден на ден губеше сили, место да му оди за напред. Очигледно, венееше, жолтееше и се сушеше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Не можам да говорам. Се повеќе губам сили и капнувам, Раскажувај ти.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)