Исхак и Аја сме ние,
тие она што не сме
крајот уличарски се нуди
човекот во туѓи мени губи
ти се колнам, Време:
си било едно нешто за многу века
во сомнежот се заљубила река.
Кога ни ти дојде, ни јас те чекав...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Но не мируваат лошите очи на Петрета, тие му наѕираат прекорно в душа: зошто се губеше ти во напразни сништа, зошто не одеше устремено со гради накај неа до оној миг кога градите ќе се допрат, зошто не сруши сѐ заради необичноста, да заборавеше дом и име, чест и спокојство, пуста пајажина?
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)